Македонија
2. December 2019 - 17:54

Новогодишната програма почнува од петок

Од петок почнува новогодишната програма на градскиот плоштад, кога ќе светне новата  Дигитална новогодишна елка. Новогодишните куќички ќе бидат поставени пред влезот на ГТЦ. Винтерленд по втор пат се одржува во Скопје. За празничната атмосфера да го опфати и православниот Божиќ Шилегов ги повика МПЦ да го променат датумот.

Од вчера светнаа и уличните украси а за новогодишната атмосфера градот годинава плати 285 000 евра, што е досега најскапо украсување. За дочекот на 2020 концерт на плоштадот ќе одржи балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин , за кого градот најави дека ќе биде платен од спонзори.