Новогодишната ноќ во Битола со битолскиот дувачки оркестар и актерот Марјан Ѓорѓиевски
Општина Битола ја објави новогодишната програма „Зимска приказна“ која ќе почне викендов и ќе заврши на полноќ пред Офицерски дом во овој град.
- Пречекот на новата 2024 година, точно на полноќ, битолчани ќе го минат со битолскиот дувачки оркестар и стенд ап комедија со актерот Марјан Ѓорѓиевски, информираа локалната самоуправа.
Од 23 декември до 1 јануари на платото од Офицерски дом ќе настапат македонски диџеи, групи и оркестри од градот, а ќе има и богата програма за деца што ќе ја приредат деца и ученици од детските градинки, основните и средните училишта во Битола.
Во рамки на „Зимска приказна“ ќе настапат и фолклорните ансамбли „Плетенка“ и „Гоце Делчев“ од Битола, женскиот камерен хор „Керамија“ од Прилеп, македонските поп ѕвезди Ламбе Алабаковски, Виктор Апостоловски, како и „Влатко и оркестар Златко Миладиноски“.
На 31 декември новогодишната програма ќе почне претпладнето со театарските претстави „Новогодишни желби“, „Новогодишна збрка“ и „Санката на Дедо Мраз“, а во вечерниот термин познати бендови, битолскиот дувачки оркестар и стандап комичарот Марјан Ѓорѓевски.
Општина Битола на новогодишната ноќ нема да приреди огномет.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
