Новогодишен планинарски марш на Пелистер
Планинари рекреативци од Битола и неколку македонски градови ја продолжија традицијата со новогодишно искачување на врвот Пелистер, висок 2.601 метар.
Годинава највозарасен учесник е новинарот и фоторепортер Петар Ставрев кој иако во деветтата деценија од животот без проблеми се искачи на врвот планината и на дежурната екипа на радио-телевизискиот пункт „Пелистер“ им подари шампањ.
– Скоро три децении, на 2 јануари заедно со планинари од градот и државата се искачуваме до врвот Пелистер, а потоа според мојата лична традиција на вработените во пунктот „Пелистер“ им ја честитам Новата година и им подарувам шампањ. Годинава на своето работно место се Душан Трајкоски, Пеце Стефановски и Пецо Стојчевски со кои како највозрасен учесник им раскажав за долгогодишната традиција кон која се приклучуваат и младите, а годинава најмладиот учесник има шест години, изјави Ставрев за МИА.
Новогодишниот планинарски марш почна утрово во 6:30 часот, а до врвот Пелистер се искачија за пет часа минувајќи ја традиционалната патека од местото викано Палиснопје, преку Ловечка куќа па се до врвот на планината каде денес сончевото време им овозможи прекрасна глетка на радио-телевизискиот предавателен пункт „Пелистер“.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД