-->
-->
Новогодишен концерт на КУД „Никола Јонков Вапцаров” во Делчево
-->
Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров” синоќа во Делчево одржа новогодишен концерт, на кој пред многубројната публика настапија фолклорната група „Никола Јонков Вапцаров”, пејачката група „Ѓурѓа“ и оркестарот „Пијанечки еснафи”. Концертот беше последен настан што оваа национална установа го организираше во 2019 година.
– Секогаш кога е полна салата со толку млади луѓе и толку публика, и нашата душа е полна. Импресиите од овој последен настап за оваа година се одлични. Овој завршен новогодишен концерт беше плод и на фолклорната група и на пејачката група и на сите секции што работат во состав на Центарот за култура, истакна Методи Толевски, директор на Центарот за култура во Делчево.
Публиката проследи две нови кореографии со кои, како што истакна кореографот Кристијан Трајановски, групата ќе настапува на концертите во земјава и странство во следната година.
-Секоја година на завршниот новогодишен концерт се претставуваме со сето она на што сме работеле во изминатата година и со што сме настапиле на фестивалите во земјава и странство. За оваа година подготвивме две нови кореографии – „Роненка” и „Посеље”. Со нив ќе се претставуваме во наредната година на сите фестивали каде што ќе бидеме поканети, истакна Трајановски.
Првата активност во 2020 година Центарот за култура во Делчево ја најавува веќе во јануари, а во текот на годината меѓу повеќето активности посебен акцент ќе има зголемувањето на бројот на претстави во Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен