Ново сингл финале за Ѓорческа во Анталија
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Анталија (земјена подлога, награден фонд 10.000 долари) откако претпладнево во полуфиналето ја победи Ксу Лиу Сун од Кина (3.носител) со 2:0 во сетови. Ова за Ѓорческа ќе биде „двојно финале“ на овој турнир бидејќи веќе има изборено пласман и во двојки. Утре во финалето Ѓорческа ќе игра против Александра Поспелова од Русија (1.026 место на ВТА) која денеска беше подобра со 2:0 во сетови од Вивиен Јухазова од Словачка (6.носителка).
Ѓорческа која е прва носителка на турнирот првиот сет со Сун го доби со 6:2 во гемови, а во вториот беше 6:4. Нашата тенисерка имаше четири брејка,а противничката еден. Мечот траеше 99 минути.
Ѓорческа денеска заедно со Ива Приморац од Хрватска ќе го игра и финалето во двојки, а за ривалки ги имаат Гиулнара Назарова од Украина и Александра Поспелова од Русија.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад
-
Рајндерс останува во Милан до 2029 година
-
Тројца странци загинаа во пожар во хотел во популарна туристичка област во Бангкок
-
Владата на Јужна Кореја нареди безбедносна проверка на сите авиони Боинг 737-800
-
Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР
-
Најстудено со -8 степени во Берово, 4 во Гевгелија
-
Најмалку 70 луѓе загинаа во Етиопија откако преполн автобус падна во река
-
Почина поранешниот американски претседател Џими Картер