Ново рочиште за „Тортура”
– Во Кривичниот суд Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот „Тортура”. Свој исказ пред судечкиот совет на последното рочиште имаше еден од обвинетите поранешни припадници на единицата „Алфа” при МВР, кој истакна дека истражители на СЈО му вршилте притисок да го смени исказот даден пред обвинител.
Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО е осомничен за кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација