Ново рочиште за „Таргет-Тврдина“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Трајче Пеливанов и Артан Ајро.
На минатото рочиште сведочеше премиерот Зоран Заев, кој објасни како претседател на СДСМ Верушевски го информирал дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите и дека за тоа првпат слушнал кога станал претседател на партијата СДСМ во јуни 2013 година.
Заев кажа дека од согледувањето на тие материјали увидел дека во држават се прави масовно следње на комуникациите, дека тоа се врши надвор од пропишаниот закон, односно без судска наредба и посебни истражни мерки, како и дека масовноста на прислушувањето според негова проценка опфатила над 20 илјади граѓани.
Најчест таргет, Заев рече дека биле опозицијата и високите претставници на опозициската СДСМ, но дека се следеле и новинари, екаперти, претставници на НВО, како и деловни луѓе од државата, верски претссавници и неколку телефонски броја од високи претставници од власта во тоа време.
Заев, рече дека се приклучува на прогонот како лице кое било прислушувано, но дека не бара никаква отштета.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот