Ново осветлување во црквата „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во Трубарево
Во црквата „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во скопското село Трубарево вчера по неделната богослужба беше поставено ново осветлување. Монтиран е централен кристален полиелеј висок скоро два метра. Овие денови храмот е посетен од многу верници кои доаѓаат да ја видат иконата на Богородица која повеќе од една седмица мироточи.
Кристалниот полиелеј го изработи „Светлина, Дизајн, Квалитет“ од Прилеп, а покрај него е поставен и мал кристален лустер во олтарот.
- Откако беше наместен полиелејот, дојдоа голем број верници, од месното население, како и од околните места, и сите благодарни на Бога и презадоволни што храмот се разубавува со ваков прекрасен полиелеј од македонска изработка, изјави парохискиот свештеник, отец Бобан Богдановски.
Новото осветлување, додаде отецот, целосно е финансирано од донациите на верниците. Најави дека во план е и нова крстилница за верниците, доколку дозволат условите.
За чудото со иконата на Пресвета Богородица, отец Богдановски вели: Дефинитивно се работи за чудо.
- И мојот, и официјалниот став на Македонската православна црква, е дека оваа појава е чудо и знак од Бога. Архиепископот г.г Стефан дојде во црквата, ја погледна иконата и констатираше дека навистина се работи за чудо, рече Богдановски.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат