Македонија
5. September 2020 - 16:43

Ново одложување на училишната година до 5ти октомври, анализите во тек

-Ајде да започнеме еднаш на 5 октомври, бидејќи станува збор збор за динамична категорија ќе носиме потези кои пред се имаат за цел да дадат квалитетно образование на дечињата, но од друга страна и да го заштитиме здравјето на граѓаните, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Дали градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС најави нов датум за почеток на учебната година. Шилегов прашан за техничката подготвеност на училиштата во главниот град, наместо четврток 1 октомври во изјавата го спомена понеделник 5 октомври.

Тој рече дека периодот правеле анкети колку ученици се од социјално загрозени семејства и немаат интернет и компјутери за следење на наставата по што ќе одлучат дали и како институционално ќе ги помогнат.

За најголемиот проблем, интернет конекцијата во училиштата за реализација на онлајн настава Шилегов како претседател на ЗЕЛС рече дека на ова максимално се посветени сите градоначалници.

-На преку 1000 микролокации во моментот се одвива квалитетно конектирање со преку 20 МБ аплоуд што ќе овозможи целосно покривање на училиштатасо интернет. Преку 350 се завршени. Тоа е процес кој трае и немаме ниту рамномерен инфраструктурен развој на училиштата и во самите општини. Некаде имаме мешан урбан и рурален дел, рече Шилегов.

Општината Гази Баба токму во едно од 11 –те  основни училишта лоцирано во Булачани работи на подобрување на интернет конекцијата. А во други 4 школи поради пренатрупаност ќе има настава во 2 смени.

-Бидејќи максимум во една училница ќе има 15-16 деца, а толку всушност има и клупи, изјави Борче Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба.

За подготвеноста на училиштата во цела држава и во колку од нив има услови за настава со физичко присуство согласно новите протоколи министерството за образование најави дека ќе има појасна слика до 15 септември.