„Ново Косово“ ќе го гради американска фирма

Американската компанија „Контрур глобал“ (Contrur Global) ќе ја гради термоцентралата „Ново Косово“ (Косова е Ре) инвестиција вредна милијарда евра.
Косовскиот министер за економски развој Блеранд Ставилеци и претставникот на компнијата, Гери Левесли, во Приштина потпишале меморандум за разбирање за изградба на ТЕ „Ново Косово“, со капацитет за производство на 500 мегавати.
Косовскиот премиер Иса Мустафа, кој присуствуваше на свечената церемонија на потпишување на документот, оцени дека ова е еден голем ден бидејќи „почнува многу значајна инвестиција за Косово, која ќе обезбеди ресурси за развој и стабилна снабденост со електрична енергија“.
- Ова е најголема инвестиција во Косово по војната. Фактот дека станува збор за приватен инвеститор од САД има посебно значење бидејќи ја поврдува доверата на САД и приватните инвеститори. Големо значење има и поради фактот што на овој начин се менува економската структура а се зголемува и нивото на директните странски инвестиции во Косово, изјави Мустафа.
Извршниот директор на компанијата за југоисточна Европа, Левесли, изјави дека изгрдбата треба да заврши 2020/2021 година, оти во перидот на градба ќе бидат анажирани неколку илјади лица, а со ставањето во погон постојана работа во ТЕ ќе обезбедат најмалку 400 лица.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
