Ново и квалитетно водоснабдување за дел од населба Аеродром

Жителите на улицата Руди Чајевац, на ниска и висока зона, во населба Аеродром ќе добијат ново и квалитетно водоснабдување, најави денеска директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје Александар Атанасов.
Се работи за почеток на изградба на нов водовод на потегот од улицата Коста Новаковиќ до улицата Фрањо Клуз со вкупна должина од 1.060 метри и вредност од 10 милиони денари. Инвестицијата е целосно на ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Во овој простор на местото на старите воени бараки сега се градат висококатници од 7 до 9 ката.
- Граѓаните кои ќе живеат во овие згради ќе немаат проблеми со водоснабдувањето. Ќе бидат поставени нови цевки Ф=160, со кои ќе се задоволат потребите на овие корисници, рече Атанасов.
Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје најави дека претпријатието ќе продолжи како и досега, така и во иднина да излегува во пресрет на потребите на граѓаните со слични вакви инвестиции, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Град Скопје.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
