Новите мерки усвоени на седница на Владата, препорака и да нема групирања за семејни прослави
Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ-аеродромите во Скопје и Охрид и хотелските ресторани за гостите кои се сместени во хотелите.
Како што соопшти владината прес-служба, на седницата беше донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот, а усвоиена е препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Македонија, по 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.
Владата донесе и препорака за граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица, кои не живеат во иста заедница.
На денешната седница беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од КОВИД-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза.
Ново на Сител
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување