Новите алатки за заштита на правната држава пред министрите на ЕУ

Министрите за европски и надворешни работи на ЕУ денеска ќе го разгледуваат новиот предлог на Европската Комисија за заштита на владеењето на правото и правната држава во земјите членки.
Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, денеска на Советот за општи работи во Брисел ќе го презентира новиот предлог со кој Комисијата треба да го зајакне својот надзор врз владеењето на правото во земјите членки на ЕУ.
-Во изминатите пет години, Европската Комисија се соочуваше со серија предизвици за владеење на правото во ЕУ. Европскиот проект се заснова врз постојаното почитување на владеењето на правото, ова е предуслов за граѓаните да ги уживаат своите права и за заемна почит меѓу земјите членки, стои во објаснувањето на ЕК за новите предлог-мерки.
Европската Комисија веќе неколку години бара решение, посебно откако состојбата значително со влоши во источноевропски земји членки како Унгарија и Полска, но мораше да изнајде решение кое нема да го впери прстот само кон источна Европа.
Новите алатки беа конечно презентирани вчера и предвидуваат воведување годишен механизам за надзор од страна на ЕК, по модел на тоа што веќе постои за надзор на националните буџети.
Земјите членки ќе треба да воспостават национална контакт точка задолжена за справување со проблемите во владеење на правото.
Предлогот на Европската Комисија се заснова врз три столбови: промоција на култура на правната држава, рана детекција на проблемите и ефикасност на предложените лекови.
Министрите на ЕУ денеска ќе го слушнат потпретседателот Тимерманс на оваа тема, и се очекува да биде релативно добро примена со оглед на фактот дека предложените инструменти ќе се применуваат на сите земји на ЕУ, а не само Унгарија и Полска, двете земји кои се моментално предмет на повеќе прекршочни процедури поради сериозни повреди врз владеењето на правото.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
