Новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која стапува на должност

Амбасадорот Клеменс Која од Австрија, назначен од италијанското претседателство со ОБСЕ за шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска стапи на должност.
Тој ја наследува Нина Суомалаинен, која што го заврши својот мандат како шеф на Мисијата во април.
- Задоволство ми е што ја преземам оваа важна позиција среде тековниот реформски процес во земјата во многу клучни области, како владеењето на правото, медиумите, јавната администрација и полицијата, вели Која.
Тој изразува задоволство што ќе работи со претставници на институциите и граѓанското општество, како и со сите чинители за понатамошно продлабочување на добро воспоставената соработка со Мисијата.
Која има над 29-годишно професионално искуство во службата за надворешни работи. Претходно, служел како постојан претставник на Австрија во ОБСЕ во Виена, австриски амбасадор во Белград и Љубљана, заменик шеф на австриската амбасада во Мадрид и директор на Одделот за Јужна Европа на австриското Министерство за надворешни работи. Студирал право на универзитетите во Салзбург и Виена и е магистер по католичка теологија.
Клучните приоритети на Мисијата на ОБСЕ во Скопје се унапредување на конструктивните меѓуетнички односи и поддршка на понатамошната имплементација на Охридскиот рамковен договор од 2001 година и неговите клучни столбови: антидискриминација, образование, децентрализација, правична застапеност, помалите заедници и употребата на јазиците. Мисијата работи со властите на спроведување реформи во областите како избори, демократско полициско работење, локално владеење, медиуми и судството.
Ново на Сител
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
-

Македонците во Брисел го чествуваа Божик
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6
-

Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово
-

Патот Струга-Ќафасан пуштен за сите видови возила, снег на повеќе места
-

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија
