Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
Неодамна назначениот нов лидер на либанскиот Хезболах, Наим Касем денеска изјави дека не е можно Израел да победи во војната против проиранската организација.
„Победата е наша и ние сме подготвени за војна на исцрпување без оглед колку долго ќе трае. Во таа војна Израел не може да победи.
Ние ќе останеме цврсти и (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху не може да победи“, рече Касем по повод 40.
дена од убиството на неговиот претходник на Хасан Насрала во израелски воздушен напад во Бејрут. Касем рече дека нема место во Израел недостапно за ракетите на Хезболах.
Тој оцени дека бојното поле е единствениот пат до мирот. „Имаме десетици илјади обучени борци способни да се спротивстават на непријателот.
Ќе го наведеме непријателот да бара крај на агресијата“, рече Касем, пренесоа палестинските медиуми.
Отфрлајќи ја можноста за договор преку преговори, Касем рече дека војната ќе заврши само на бојното поле, а не преку политичка акција.
Сепак, тој додаде дека доколку Израел престане со акциите против Хезболах, тогаш ќе се отвори патот за индиректни преговори преку либанската држава.
Ново на Сител
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија
-
Измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците на седница на Комисијата за политички систем