Македонија
28. October 2021 - 12:31

Новиот градоначалник на Штип пополни две испразнети директорски позиции

Пополнети двете испразнети директорски фотелји, поради оставка, во ЈКП „Исар“ и ЈП „Стипион“ од Штип. Градоначаланикот Иван Јорданов, именува двајца нови ВД директори и истакна дека и во иднина сите локални функционери ќе бидат назначувани за времено извршување на должноста, за принципиелно и домаќински да им служат на граѓаните.

- Доколку се утврди, не функционалност и неодгворност, истите ќе бидат разрешени. Ова е еден нов начин на функционирање и од денес па натаму најавувам дека, локалните функционери кои јас лично ќе ги именувам, ќе бидат во директна координација и корелација, се со цел да дадат поголема ефикасност во работењето, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Новите директори за приоритет ќе ја имаат обврската да ги реорганизираат претпријатијата и да создадат тимови кои ќе носат резултати.

- Во наредните неколку денови, ќе направиме увид во состојбата во ЈП, а со самото тоа, понатаму ќе можеме да ја определиме динамиката на остварувањето на нашите зацртани проекти, изјави Трајче Здравсков, ВД директор на ЈП „Исар“ - Штип.

Претходно, градоначалникот и сите директори на јавните претпријатија во општината, се откажаа од користење на службените возила.