Македонија
8. January 2021 - 19:55

Новиот булевар ,,АСНОМ‘‘ е пуштен во употреба подолго време, но семафорите не работат што е причина за сообраќајки

Утринската сообраќајка  е само една од низата незгоди, кои за жал се се почести на булеварот ,,АСНОМ‘‘. Сударот се случи помеѓу Сузуки балено и комбе Фолцваген кај семафорите кои не функционираат повеќе од 3 месеци. Ситуацијата била толку сериозна што морале да интервенираат и пожарникарите кои со специјални клеши со сечел автомобилот за да ги извадат повредените.

Нефункционалноста на сигнализацијата на новиот широк булевар, во ноќните часови ги мами и нелегалните тркачи со кои и мотори, кои не само што предизвикуваат неподнослива бучава туку и ја загрзуваат безбендоста на учесниците во сообраќајот. Од град Скопје велат дека се уште не е комплетирана опремата за семафорите.

Се уште не е подготвена опремата на булеварот ,,АСНОМ‘‘. Семафорот поставен пред извесен период, ќе биде ставен во функција до крајот на месецот, велат од Град Скопје.

Министерот Спасовски признава дека светлосната сигланизација се уште е проблем во градов.

Наспроти се почестите фалби на несовесните возачи на социјалите мрежи, министерот за внатрешни работи Спасовски тврди дека од почетокот на годинава за 40 проценти е намален бројот на сообраќајки кои резултираат со смрт. Според податоците на МВР во изминативе три дена биле казнети 1463 возачи од кои 237 за брзо возење.