Македонија
7. December 2016 - 11:35

Новиот Битолски густ јогурт е вистински спој на традиција, богат вкус и врвен квалитет

Традиционалниот македонски јогурт од денес е уште погуст! Новиот Битолски густ јогурт е оригинален спој на традиционалниот вкус на Битолски јогурт,  млеко со врвен квалитет и домашна рецептура со која се постигнува зголемената густина.
 
Битолскиот густ јогурт има исклучителна крем-структура и интензивен вкус кој ќе ги израдува сите гурмани и хедонисти. Зголемената густина овозможува интензивно уживање и дава чувство на ситост и исполнетост. Одличен е во комбинација со традиционалните печива, пити, но и со разни други видови храна со кои се надополнува.
 
„Битолскиот густ јогурт е оригинален спој на традиционален вкус, домашна рецептура и умешност на нашите врвни технолози. Уште со првата голтка можете да ја почувствувате неговата нова интензивна густина во комбинација со препознатливиот вкус на Битолскиот јогурт. Новиот јогурт на Бимилк е здрава, многу хранлива и квалитетна ужина во комбинација со вашата омилена храна. Сигурни сме дека Битолскиот густ јогурт ќе стане неизоставен дел од секоја трпеза“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер на Млекара АД Битола.
 
Новиот Битолски густ јогурт доаѓа во ново практично ПЕТ-пакување од 1,5 кг, 1 кг, 500 г, 250 г за употреба во различни пригоди, а ПЕТ-пакувањето овозможува јогуртот да ја задржи својата свежина и неколку денови по неговото отворање.