Новинарот Михајлоски: Битката ја добив, војната ја изгубив - татко ми почина
Новинарот и уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски кој беше позитивен на корона вирусот, преку својот профил на Фејсбук во детали ги опиша деновите како се справувал со опасната болест.
Тој се заблагодари на сите медицински лица за помошта додека се борел со болеста и апелираше да се носат маски и да се држи растојание.
,,Во семејната куќа во Прилеп вирусот “влегол” кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека “непријателот” е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно“, напиша Михајловски на својот профил.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор