Новинарот Фуркан Салиу заработи кривична пријава по инцидентот во неделата
Новинарот Фуркан Салиу заработи кривична пријава по инцидентот во неделата кога беше приведен за време на фудбалски натпревар во селото Средно Коњаре. Кривичната пријава е против него и уште едно лице со Н.Ј. и за сторено кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по членот 382 од Кривичниот законик кој предвидува парична казна или затворска казна до три години.
Салиу вели дека е сигурен оти истражните органи нема да можат да го докажат делото, но можно е работата на неговиот портал да биде оневозможена.
-Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период. Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација, вели Салиу.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка