Свет
21. November 2017 - 9:31

Новинарот Чарли Роуз најново име на списокот обвинети за сексуално малтретирање

Чарли Роуз, водечки новинар на американската телевизија Си-Би-Ес, беше обвинет вчера на страниците на „Вашингтон пост“ од страна на повеќе жени кои тврдат дека сексуално ги малтретирал. 

Телевизијата веднаш го суспендираше Роуз и најави истрага, а јавната телевизија Пи-Би-Ес и Блумберг соопштија дека ја прекинуваат соработката со него.

Роуз (75) е обвинет дека малтретирал помлади жени кои работеле или сакале да работат на неговата политичка емисија.

Во разни случаи тој се разголувал пред жените, ги допирал без дозвола и ги канел на службени патувања со него при што им излегувал гол од под туш.

Роуз е најновиот во серијата американски актери, политичари и новинари кои се обвинети за сексуално малтретирање.