Новинарите излегуваат на протестен марш за одбрана на новинарското достоинство
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија ги повикуваат сите медиумски професионалци на протестен марш кој ќе се одржи во петок во 10 и 30 часот од пред зградата на Владата до Собранието на Република Северна Македонија.
-На овој марш заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба...
На маршот, кој за членовите на ССНМ ќе поаѓа од пред канцеларијата на синдикатот, ќе бидат испратени пораки од претставници на ССНМ и ЗНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието:
- Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање
- Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите
- Крај на агресивниот државен пи-ар
- Поддршка за локалните новинари и медиуми
- Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници
- Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници, се вели во повикот од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија.
Ново на Сител
-
Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници
-
Макрон: Само украинскиот претседател Зеленски може да преговара за мир за неговата земја
-
Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна
-
Облачно со повремен локален дожд во југозападните делови
-
Состојба на патишта
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина