Новинари од регионот на туристичко патување во Македонија
Новинари од Србија, Хрватска, Бих и Црна Гора чија специјалност и професионалност е туризмот, од утре до четврток ќе престојуват во Македонија. Домаќин и организатор на нивното туристичко патување е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Новинарите треба да пристигнат во Скопје, каде првиот ден ќе прават репортажи за Старата Чаршија, Старата железничка станица, Спомен куќата на Мајка Тереза, црквите „Св. Спас“ и „Св. Димитрија“, плоштадот „Македонија“, Калето,...
Претпладнето во вторник е резервирано за Пантелејмон и Кањонот Матка, а попладне се оди за Маврово и Дебар каде новинарите ќе имаат можност да ги видат руралните предели на Македонија. Во овој дел е вклучена и посета на манастирите „Јован Бигорски“ и „Рајчица“.
За среда е планиран Охрид, посета на неговите природни и културни знаменитости и обележија, додека во четврток на агендата се Битола и винскиот регион на Македонија, со посета на кралската винарија „Вила Марија“.
Како што велат од АППТ за МИА, на дел од новинарите во турата специјалност им е гастрономијата, поради што е договорено снимање на подготовка на македонски специјалитети во секој регион што ќе биде посетен.
Информативното патување на новинарите од регионот беше прелиминарно договорено на интернационалните саеми за туризам во Белград и Заграб на кои учествуваше Агенцијата за туризам предводена од директорот Љупчо Јаневски.
Ново на Сител
-
Украинските власти објавија национална воздушна тревога
-
27 годишен дечко и 28 годишна девојка се истепале пред кафана во скопски Аеродром
-
Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација
-
Почина македонскиот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите
-
Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен
-
Њу Делхи е најзагадениот град во светот, густата магла ги одложува летовите и поаѓањата на возовите