Кошарка
24. December 2015 - 8:53

Новицки изби на 6.место на листата на стрелци во НБА лигата

Играчот на Далас Дирк Новицки се проби на 6.место на листата на стрелци во НБА лигата откако на ноќешниот дуел против Бруклин на гости успеа да го мине Шекил О‘Нил. Во вториот период од дуелот Новицки со постигнатиот кош имаше 28.597 поени или еден повеќе од О‘Нил (28.596 поени).
Новицки сега има постигнато 28.609 поени
Пред Новицки на 5.место е Вилт Чемберлен со 31.419 поени.
 
Инаку на првите четири места се наоѓаат: Карим Абдул Џабар – 38.387 поени, Карл Мелоун 36.928, Коби Брајант 32.916 и Мајкл Џордан 32.292.
 
Новицки на дуелот со Бруклин постигна 22 поена, а воедно беше стрелец и на победничкиот кош на 19.2 секунди пред сирената да означи крај на продолжението.