Македонија
9. July 2015 - 16:59

Нови вработувања за децата без родители, финиширан проектот ваучери за студентите

Триесет деца без родители ќе добијат работа во државна институција. Продолжува владината  програмата Д-10,вработување и  грижа за оваа ранлива категорија на лица. Државата  им го решава   егзистенционото прашање, стануваат администартивци  откако ќе ги напуштат домовите. За дестина дена треба да заврши целокупната процедура и и почнат со работа.

-Програмата се реализира од 2013-тата, досега се вработени 113 лица, со новите 30, бројката се искачи на143.. Ние и во минатото сме  помагале на ваквата категорија граѓани, но тоа повеќе беше стихијно и ад хок. Од 2013 година веќе имаме системска програма која секоја година е дел од буџетот и која ќе продолжи и понатаму

Се заокружи и проектот за доделување на табелт за студентите чии родители имаат пониски примања. Ваучер од 8000 ијади денари добија 5243 студенти од завршните години.

- Владата на трипати доделуваше ваучери за набавка на ИТ опрема од кои во  2008, 2011 и 2013 година беа доделени вкупно 27.000 ваучери. Со новите  5.243 бројката, ќе надмине 32.000 ваучери.

Премиерот Груевски за динамиката на владини мерки информираше  при отворањето на две нови тениски игралишта во општина Петровец.