Нови улици во радовишките села Ињево и Подареш
Во oпштина Радовиш деновиве интензивно се градат улици во неколку села со средства од Агенцијата за рурален развој.
Градоначалникот на oпштина Радовиш Сашко Николов, вели дека во селото Ињево градежната фирма „Жикол“ пробива и гради две улици во должина од еден и пол километар.
- Вредноста на овие две улици кои се градат со тротоарски површини е 400.000 евра. Благодарение на Агенцијата за рурален развој во моментов се градат и две улици во село Подареш во должина од 800 метри. Инвестицијата во селото Подареш изнесува 130.000 евра, вели Николов.
Тој денеска информираше дека градежната фирма „Гранит“ напредува и со изградбата на локалниот пат кој ги поврзува селата Подареш-Калуѓерица во должина од четири километри, за што општината зеде и кредит од Светска банка во висина од околу 500.000 евра.
Во градот Радовиш од општинскиот буџет се реконструираат и улиците „Бел Камен“, „Шаин маале“ и „Браќа Миладинови“. Николов потенцира дека изградбата на улиците во радовишките села очекува да заврши кон средината на мај, а во тек се и тендерски постапки за изградба на улици во селата Покрајчево, Воиславци и Калуѓерица.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги