Нови тврдења дека Тупак Шакур сепак е жив
Кога се во прашање починатите ѕвезди, многу често се јавуваат теории на заговор според кои славните личности ја лажирале својата смрт и некаде живеат во тајност и одлично се забавуваат.
Меѓу ѕвездите кои најчесто „воскреснуваат“ на овој начин се Курт Кобејн и Мајкл Џексон, а во моментов најновите гласини се дека и Тупак Шакур е жив, за што е „виновна“ една фотографија се шири низ социјалните мрежи.
Според оние кои се уверени во автентичноста на фотографијата, славниот рапер, кој почина на 13 септември 1996 година, наводно се забавува со Ријана на Куба.
Станува збор за фотографија која всушност кружи по интернетот уште од 2012 година, а секој пат кога ќе се појави, повторно ги разгорува гласините дека Тупак ја лажирал својата смрт.
Овој пат гласините повторно ги прошири порталот „Репортез“, кој и самиот признава дека сака „да ги менува фактите", но тоа не ги обесхрабри фановите кои се надеваат дека нивниот миленик и натаму е жив и здрав.
Тупак почина во болница во Лос Анџелес, една недела по атентатот врз него, чии извршители се уште не се познати.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори