Нови судири на улиците во Каракас
Полицијата во Венецуела употреби водени топови и солзавец против демонстранти кои и денеска се собраа на антивладин протест во центарот на Каракас изразувајќи противење на левичарскиот претседател Николас Мадуро.
Полицијата и армиски сили ги блокираа сите главни патишта кон главниот град, а сите метро станици беа затворени што предизвика хаос во градот.
Опозицијата ја обвинува владата дека ги користи безбедносните сили за репресија над мирните протести.
Во повеќенеделните протести досега загинаа 26 луѓе. Опозицијата смета дека Мадуро е виновен за недостигот од лекови, храна и други основни животни потреби и бараат распишување општи избори со цел излез од кризата.
Протестите се одржуваат од почетокот на април речиси секојдневно.
Кризата ескалираше на 30 март кога Уставниот суд се обиде да ги преземе овластувањата на Националното собрание, единствена институција во која Мадуро немаат контрола.
Судот делумно ја повлече одлуката по меѓународни критики, но тензиите се зголемија од 7 април кога властите донесоа забрана за занимавање со политика на 15 години за опозицискиот лидер Енрике Каприлес.
Ново на Сител
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година
-
Рокас: Искористете го тековниот момент на наклонетост кон проширувањето