Балкан
28. January 2017 - 13:44

Нови сознанија за убиството на Ѓинѓиќ, му пукале од дворот на Владата

Врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ не било пукано од ул. Адмирал Гепрат, туку од дворот на Владата на Србија?

Бројни нелогичности во врска со официјалната верзија за убиството на премиерот го натерале професорот Слободан Савиќ, кој ја правел и обдукцијата на телото, да се посомнева во официјалната верзија и јавно да каже дека смета дека е неопходна реконструкција на настанот, пишува српски Курир.