Нови седум починати и 250 заболени од Ковид-19 во Косово

Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК) во редовниот дневен извештај за состојбата со Ковид-19, попладнево објави дека вчера во земјата се евидентирани седуммина починати кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 256.
Како јави дописникот на МИА од Приштина, изминатите 24 часа во Косово се регистрирани и 250 новозаболени од Ковид-19, како и 126 лица кои ја пребродиле болеста.
Вкупно од појавата на пандемијата, од извршените 37.865 тестирања (од кои 454 вчера), вирусот е откриен кај 9.049 лица, од кои 4.989 се излекувале. Активни носители на вирусот во Косово, според официјалните податоци на ИКШПК, се 3.804 лица.
Позитивен на Ковид-19 вчера резултира и косовксиот премиер Авдулах Хоти, кој објави дека во наредниот период своите задачи ќе ги врши од неговиот дом, каде што ќе се самоизолира во идните две недели.
Ново на Сител
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
