Нови седум коронавируси кај лилјаци во Африка

Во африканската држава Габон научници открија седум нови видови на коронавирус, но сè уште не е познато дали можат да преминат на човек и да предизвикаат нова пандемија, пишува New Scientist.
На научниците од претходно веќе им е познато дека коронавирусите може да преминат од лилјак на луѓе и да предизвикаат сериозни болести како што беше епидемијата на SARS во 2002/2003 година и пандемијата на COVID-19. За двете болести се смета дека се настанати откако коронавирусот од лилјак и веројатно преку посредник преминал на човечката популација.Повеќето досега идентификувани видови на коронавирус кај лилјаци се пронајдени кај азиските видови, но сè повеќе од нив се откриваат и кај африканските лилјаци.
Со генетско секвенцирање е утврдено дека станува збор за 7 нови коронавируси пронајдени кај лилјаци кои јадат инсекти. Пет од седумте нови вируси тесно се поврзани со познат коронавирус наречен хуман коронавирус 229E кој кружи меѓу луѓето од 60-тите години на минатиот век кога и е идентификуван, а кој обично предизвикува само благи симптоми на настинка.
Експертите затоа претпоставуваат дека новите видови исто така би можеле да преминат на луѓето и да предизвикаат благи симптоми или дури и сериозна болест, но потребни се дополнителни истражувања за тоа да се потврди.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
