Нови рочишта за „Тендери“ и „Трезор“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочиште за предметите „Тендери“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство.
Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Во него првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.
Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
Судење денеска е закажано и за случајот „Трезор“, каде првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
