Македонија
18. May 2019 - 16:15

Нови разговори на македонско-грчкиот комитет за учебниците по историја во Охрид

Во строга тајност се одржува состанокот на Комитетот за учебниците. Според информации на Сител на средбата станало збор за теоретската основа на учебниците во основно и средно образование,како истите да бидат формулирани за да нема омраза помеѓу учениците а воедно и да се создаде клима на разбирање. Состанокот се одвива во пријателска, конструктивна и позитивна атмосфера .

Токму тука во Охрид зад затворени врати заседава мултидисциплинарниот комитет на експерти за историски ,археолошки и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Грција

Ова е четврта средба на Комитетот воспоставен со член 8 став 5 од Договорот од Преспа каде експертските тимови ги разгледуваат образовните материјали и даваат забелешки. Треба да подготват заеднички препораки што ќе им ги достават на двете влади за усвојување. Тие велат дека не се преговара за фактите, туку за начинот на кој тие се пренесуваат на младите генерации.

Ризикот дека и по целата нивна работа политичарите може да го отфрлат предлогот постои, но според доброте познавачи тогаш ќе се продолжи да се преговара.

Инаку третата средба се одржа во Атина на 12 и 13 април 2019 година, а според заедничкото соопштение на двете министерства за надворешни работи,на  состанокот „бил остварен напредок во однос на исполнувањето на задачите на Комитетот се разговарало и за учебниците по историја а  биле  потврдени и дополнително елаборирани заклучоците од втората средба.

 Двете страни се согласиле  да продолжат со имплементација на мандатот што им е доделен со Преспанскиот договор, во рамката на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа.