Свет
29. May 2024 - 12:52

Нови претреси во Парламентот на ЕУ

Инспектори денеска извршија претрес во канцелариите на вработен во Парламентот на ЕУ во Брисел и Стразбур, како и во неговиот дом во Брисел. како дел од белгиската истрага за сомневање за руско мешање и корупција, соопшти државното обвинителство.

Според извор близок до истрагата, цел на претресите е поранешен помошник пратеник на ЕУ, Максимилијан Кра, од екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).