Нови правила за означување на прехранбените производи од 13 ноември

Од 13 ноември операторите на храна ќе треба да се придржуваат до новиот правилник кој налага строги одредби за означување на прехранбените производи.
Задолжително ќе треба да биде означено името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги има производот. Минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметри со цел да бидат видливи за потрошувачите кои ќе се информираат за производот што сакаат да го купат.
Производот ќе може да содржи и доброволни информации во кои спаѓаат нутритивните тврдења како што се дали производот има одредени витамини или минерали, а може да бидат наведени и здравствени тврдења.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски денеска информира дека операторите на храна се запознати со правилникот и изрази надеж дека нема да имаат проблеми со неговата примена.
- Сите оператори со храна треба да ги спроведуваат сите работи што се однесуваат на означувањето на храната. Операторите со храна што извезуваат веќе од 13 декември 2014 години ги спроведуваат овие одредби, а сега и операторите за храна кои ќе ги пласираат своите производи на домашниот пазар ќе ги применуваат, рече Попоски.
Доколку операторите со храна не се придржуваат до правилникот, тогаш, како што најави Попоски, ќе се излезе на терен и ќе се преземат соодветни мерки. Глобите за непочитување изнесуваат од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност.
Правилникот стапи на сила на 3 септември и со него се очекува поголема заштита на здравјето на луѓето од опасностите поврзани со храната.
Ново на Сител
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
