Нови плажи се уредуваат на Дојранското Езеро

Во Дојран со засилено темпо се изведуваат работите за санација на оштетениот дел од крајбрежјето на Дојранското Езеро, каде што на потегот од плажата ЕЛЕМ до „Стара Мрдаја“ се уредуваат нови плажи и разурнатиот дел од рекреативната патека.
Се работи на расчистување на теренот,чистење на езерото и рамнење и отворање на просторот за новите плажи кои треба да бидат готови за неколку дена.
На забелешката на граѓаните и присутните гости зошто се гради во време на туристичка сезона,градоначалникот Анго Ангов одговори дека темпото на работа го диктираат средствата.
-Општината ги немаше на располагање потребните средства за изведување на активностите. Веднаш штом пристигнаа почнаа работите на терен кои ќе завршат во договорениот термин и за време на илинденскиот викенд Дојран ќе биде побогат со нови плажи во должина од околу 350 метри крајбрежна линија, рече Ангов.
Реализацијата на проектот чини 5 милиони денари, од кои 4,5 милиони денари обезбеди Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а околу половина милион денари општината Дојран.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
