Македонија
21. February 2021 - 16:49

Нови обвинувања за шерифувањето на градоначалникот од Лозово

Одбивав да ги задоволам фрустрациите на градоначалникот на Лозово па добив отказ. Вака пред камерата на Сител сведочи Горанче Велков кој во претходниот период ја извршувал функцијата директор на основното училиште. Притисоците започнале во јануари лани.

„Од страна на градоначанлникот ми беше укажано дека некои луѓе треба да бидат преместени од едно работно место на друго, од едно подрачно во друго подрачно улчилиште, дека со некои луѓе дури треба да си поиграм и нивната судбина да ја земам во свои раце, односно да бидат избркани со цел да бидат задоволени негови лични фрустрации“, изјави Велков.

Велков не ги исполнил желбите на градоначалникот па се соочил со блокади. Општината не ги покривала тековните трошоци за училиштето, а како што вели Велков, градоначачникот спровел и низа контроли - интервенирала и полицијата од оделот за економски и финансиски криминал. Според Велков, проверките не откриле неправилности но сепак во октомври бил разрешен од функцијата.

„Градоначалникот не можеше веќе да го издржи сопствениот притисок и понеделникот на 26.10.2020 на еден спектакуларен начин да ме викне во општината пред 10 луѓе и да чита за се нешто што ќе бидам разрешен. Сето тоа не држеше бидејќи јас знам дека 9 месеци немав пуштено материјални трошоци од негова страна и покрај моето уредно обраќање до него со барање и со финансиски извештаи за материјални трошоци. Така на 26 октомври бев разрешен и на мое место беше назначен ВД директор“, изјави Велков.

Со одлука на Државната комисија за одлучување во управна постапка, Велков на 15 февруари бил вратен на директорското место, но веќе следниот ден училишниот одбор побарал разрешување. Велков тврди дека зад одлуката стоел градоначалникот.

„Се гледаше како ги носи луѓето со својата службена кола, едноставно под притисок под уцени и закани дека ќе бидат избркани од нивните работни места. Училишниот одбор под притисок како што беше изнесено од еден од членовите, дека морале да го направат тоа, дека морале да гласаат едногласно бидејќи биле со уцени и закани“, вели Велков.

Велков најави дека ќе си поденсе оставка за како што вели, да се задоволи желбата на градоначалникот. Објаснува дека во период од три години, училиштето во Лозово сменило шестмина директори, а сето тоа било на штета на учениците и нивните родители.

Сведоштовото на Велков не е прво на адреса на градоначалникот на Лозово. Претходно тој беше обвинет за мобинг од неколкумина вработени во општината. За таквото однесување заработи и казна од 1.800 евра од трудовиот инспекторат.