Свет
23. February 2018 - 10:43

Нови обвиненија против Манафорт и Гејтс

Специјалниот обвинител на САД, Роберт Малер, која го истражува мешањето на Русија во американските избори, покрена дополнителни обвиненија против поранешниот менаџер на изборниот штаб на Доналд Трамп, Пол Манафорт и неговиот соработник Рик Гејтс.
 
Манафорт и Гејтс се обвинети за даночни и банкарски измами. Тие минатата година  беа обвинети за перење на пари, поврзано со консултатнската работа во Украина во име на проруската влада на тогашниот претседател Виктор Јанукович.
 
Манафорт, кој неколку месеци ја водеше кампањата на Трамп ги негира наводите, додека неговиот портпарол Џејсон Мелон тврди дека е невин и оти верува дека ќе биде ослободен по сите точки од обвинението. 

Ново на Сител