Македонија
28. February 2016 - 16:42

Нови методи во Штипската болница

За прв пат на интерното одделение во штипската болница е аплицирана биолошка терапија кај пациентка со ревматоиден артритис. Третманот е успешен, а 60 годишната жена од Штип сега се движи без помош од  најблиските.

-Кажуваше дека била неподвижна и дека морала да има придружба од фамилијата за да може да дојде на лекарска контрола, а сега пациентката чува двајца внуци близнаци - изјави д-р Моника Нашкова, специјалист интернист- Клиничка болница – Штип

До сега пациентите се лекуваа со таблетарна и ампуларна терапија, која подразбира чести контроли најмалку еднаш во месецот, а голем дел поради намалување на работната способност морале да заминат во инвалидска пензија. Предноста на билошката терапија е во тоа што пациентите ке немаат потреба од физикална терапија.

-Огромен бенефит ќе имаат пациентите од нашиот град и од околината, затоа што тие болни во најголем период од денот се тешко подвижни, па ќе се заштедат од дополнителни патувања до Скопје и до лекување на терциерно ниво- додаде д-р Нашкова

Ревматоидниот артрит може да придизвика инвалидитет и траен хендикеп. Ги напага зглобовите предизвикувајќи сериозни воспаленија на зглобната ’рскавица, со што лицето станува тешко или воопшто не подвижно.