Нови листи на терапии и специјален НеоПаф – респиратор на Гинеколошката клиника

Нови листи на терапии и посети на одделението за мајките, се само некои од новините воведени изминатиот месец на Одделението за неонатална интензивна нега и терапија на скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) каде како експерт е ангажирана д-р Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската Интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград.
Рсовац, на покана на министерот за здравство Венко Филипче, еден месец престојува на ГАК и помага да се намали смртноста кај новороденчињата. Во овој период, како што информира Министерството за здравство, направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа во интерес на малите пациенти.
На иницијатива на д-р Рсовац првпат е воведена и неинвазивна вентилација преку постоечките респиратори, како и специјален НеоПаф – респиратор во салите.
Во договор со директорите на Трансфузиологија и Радиологија, најден е начин како да се забрза изработката на анализите кои ќе бидат готови за само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените.
Според Министерството, во првите шест месеци од годинава, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
