-->
-->
Нови лед светилки во општина Чешиново Облешево
-->
Општина Чешиново Облешево започна активности за замена на постоечките конвенционални светилки со нови, лед светилки во три населени места: Облешево, Чешиново и Уларци.
- Овој проект е одобрен и финансиски подржан преку програмата за зачувување на природата на Швајцарската агенција за развој и соработка. Со проектот се опфатени најпрометните булевари во општината, односно влезовите во населните места Облешево и Чешиново и во село Уларци до училиштето, во вкупна должина од 3 километри. Вкупната вредност изнесува 850 илјади денари. Изведувач на работите е компанијата КМГ Еол Квазер од Скопје, ни изјави Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.
Со замената на светилките општината ќе ги намали трошоците за потрошена електрична енергија на годишно ниво за 60 до 70 проценти а ќе се намали и емисијата на стакленички гасови и трошоците за одржување.кг/лв/12:34
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба