Бизнис
7. February 2022 - 17:54

Нови инвестиции во ТИРЗ Штип

Компаниите во ТИР зоните и во услови на пандемија и економска криза ги зголемија инвестициите. Бројот на вработените во изминатите 4 години двојно порасна, од 6000 на близу 13.000 работници, а платите се зголемија во просек за 7.000 денари.

- Во периодот од 2010-та до 2016-та година, просечаната плата во ТИРЗ изнесуваше 21.700 денари, додека во периодот 2017-та – 2020-та година, просечните плати пораснаа и сега се на ниво од 28.600 денари, изјави Димитар Ковачевски, премиер.

Само во јануари годинава, компаниите од ТИРЗ оствариле извоз во вредност од 250 милиони евра.  Досега, на име придонеси за ПИОМ, трошоци за даноци на плати и данок на добивка, во државниот буџет уплатиле 11 милијарди денари. Ковачевски најави дека, трендот на инвестии ќе продолжи и во следните 4 години.

- Очекуваме во овој период кој што е пред нас, инвестиции од 1 милијарда евра, додаде Ковачевски.

Странските инвеститори велат дека во Македонија постои добра бизнис клима и затоа планираат да продолжат со вложувањата.

- Решивме двојно да ги зголемиме нашите инвестиции, од проста причина што нашата задача и цел е да веруваме во оваа земја и во луѓето, изјави Рафаеле Џенони, сопственик на „Кондево“.

Со 430 милиони денари, во ТИРЗ се гради потребната инфраструктура за изградба на нови капацитети.