Loading Video...
Ракомет
3. November 2020 - 15:53

Нови два случаи на Ковид-19 позитивни во редовите на РК Вардар

 
Сеуште актуелниот европски ракометен првак Вардар, најавија дека во следниот период ќе се подготвуваат за два дуели со Кјелце во рамките од Лигата на шампионите. 
 
Тимот с повторно на собир и тренира во СЦ „Јане Сандански“ и тоа без седуммина играчи, кои се повикани за репрезентативните настап кои претстојат во ракмите од ЕХФ неделата. 
 
Но, воедно од таборот на црвено-црните информираа дека двајца членови на тимот добиле позитивен резултат на спроведените тестирања на Ковид-19. 
 
„Играчите кои имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала.И двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми и познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот. Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата. Другите ракометари продолжуваат со тренирањето и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот“, се вели во соопштението на клубот. 
 
Првиот натпревар од двомечот со Кјелце е закажан за 19-ти во Скопје, а вториот во Полска е планиран да се игра на 25 ноември, разбирливо доколку здравствената ситуација, пред се со позитивни на Корона вирус го дозволи тоа.
 
Претходно од споменатата причина беа одложени два меча три натпревари, против Елверум, ПИК Сегед и ПСЖ.