Нови девет случаи во Тетовско, од пред два дена и бебе со КОВИД-19
Тетовскиот регион бележи девет нови случаи со КОВИД-19, од кои шест во општина Тетово и три во општина Желино, информираа денеска од Центарот за јавно здравје – Тетово. Во изминатите неколку денови е евидентиран и прв случај на КОВИД-19 кај бебе.
-Општина Желино имаше малку случаи, но најновите резултати покажаа нов кластер, три нови случаеви кои заразени поради контакт со веќе болни лица. Сите се изолирани и нивните контакти побарани и испитани, а резултатите ќе се знаат во наредните денови, истакна Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центарот за јавно здравје Тетово.
Според Скендери новите случаи не претставуваат нови жаришта.
-Повеќето се заболени поради контакт со веќе познат заразен. Можеби ова е добра вест бидејќи имаме веќе познати кластери од каде потекнуваат овие нови случаеви со Ковид-19. Пример најмладите се 4 месечно бебе и 4 годишно дете кои се заразиле од своите родители, ова е случај од пред два дена. Сите се асимптоматски примери, рече Скендери.
Докторот потенцира дека се стабилизира ситуацијата во општина Теарце која беше големо жариште.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
