Македонија
6. September 2016 - 20:38

Нови детали за урнатиот авион

Авионот Пајпер Сенека 2, кој попладнево исчезна е сопственост на Авиоклубот Тревизо, објави СДК.
 
Авионот е регистриран во Германија, а според официјалната веб страница на авиоклубот, авионот е со капацитет од 6 патници.
 
Изнајмувањето на овој авион, според тарифата на веб страницата на сопственикот е 500 евра за час летање.
 
Од МВР потврдија дека авионот исчезнал од радарот во 17.40 часот на 10 километри во правец кон југ од скопскиот аеродром. Авионот полетал од Тревизо, Италија и побарал дозвола за слетување во Скопје за дополна на гориво. Тој паднал во близина на селото Ветерско кај Велес.  Мештаните слушнале експлозија и пријавиле во полиција. Дали има жртви засега не се знае.