Нови детали за нападот кој го потресе светот: Ја убил трудницата во која бил заљубен
Нови детали за нападот со мачета во Ројтлинген, Германија каде едно лице денеска загина, а две се потешко повредени. Полицијата веќе објави дека напаѓачот е 21-годишен сириски бегалец, кој од претходно им бил познат.
Полицијата објави дека напаѓачот бил сам и дека не се работи за терористички напад.
Извори за „Билд“ тврдат дека убиената жена работела во ќебапчилницата и наводно била бремена.
Според „Билд“, тој бил заљубен во својата жртва, Полјакина со која заедно работеле во истиот локал. Мачетата со која ја убил, наводно, била од истата ќебапчилница.
Некои од сведоците тврдат дека пред нападот убиецот и жртвата гласно се расплравале.
Вујкото на сопственикот на локалот рекол дека напаѓачот се викал Мухамед и дека оставил многу добар впечаток кога дошол да бара работа.
Сведоците велат дека по убиството напаѓачот изгледал сосема вон себе. Мавтал со мачетата и се стрчал кон полицискиот автомобил. Тогаш, возач на БМВ го здогледал, дал гас и го соборил на земја со автомобилот.
– После тоа само лежеше и не се мрдаше – изјавил сведок, додавајќи дека Мухамед веднаш бил уапсен.
Возачот е идентификуван како Алпер М. (21), а двете повредени лица се само случајни жртви.
Ново на Сител
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд