Нови детали за дивеењето во Ургентниот центар

Во официјалниот извештај на МВР за вчерашниот инцидент во Ургентниот центар, воопшто нема детали, но затоа порталите објавуваат нови сознанија.
Имено, влезната врата од Ургентниот лично ја искршил припадник на патролното обезбедување, кое било повикано од страна на обезбедувањето на болницата откако толпата од 30-тина луѓе сакале да влезат таму.
Припадник на патролата кога во собата за реанимација го видел мртов својот вујко, на излез ја искршил влезната врата. Роднините потоа го зеле и телото на починатиот И.Е.(45) иако според процедурата морале да го остават најмалку 2 часа таму.
Драмата започнала во моментот кога на 45 годишниот Е.И му се слошило по што бил однесен во приватна амбуланта во Чаир каде му била укажана прва помош. Кога лекарите увиделе дека состојбата е тешка повикале Итна медицинска помош и пациентот го упатиле во болницата „8 Септември“. Во возилото по пат на пациентот му била пружена помош, а екипата се јавила во болницата за да се подготви тим бидејќи носат тежок случај. По безуспешна реанимација од 40 минути лекарите од болницата им соопштиле на најблиските роднини дека пацинетот починал. Тие што биле присутни во собата за реанимација почнале да кршат епрувети, да фрлаат шприцеви и друг медицински материјал, потврди синоќа директорот на болницата д-р Сашо Стојчев.
Според МВР вчера околу 19.00 било пријавени дека од страна на итната медицинска помош во ГОБ„8ми Септември“ бил донесен Е.И.(45) од Скопје. По неколку неуспешни обиди за реанимација истиот починал. Во тој момент гнеколку членови на семејството влегле во собата за реанимација при што скршиле дел од инветарот, а потоа и ја скршиле влезната врата на болницата, по што го зеле починатиот и го напуштиле објектот.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
