Нови детали: Охриѓанец направи голем грев, ограбена почината жена
СВР Охрид објавија детали во врска со немилиот настан во Охрид, кога почината жена беше ограбена. Оттаму, информираат дека на 5-ти септември, во Полициската станица во Охрид дошла девојка од Охрид која пријавила дека истиот ден, додека била на работа во златара и се јавила нејзината мајка и ја известила дека бабата на пријавителката која била од Косел, починала во интерното одделение при Општа болница . Во неутврдено време од настанувањето на смртта, од починатата биле украдени златни обетки од ушите и златен прстен од прст. Непознат сторител искористил несреќа на друг, смрт, и ги одзел златните предмети по што се оддалечил од местото.
- По кратко време од телефонскиот повик во златарата дошло непознато лице со лична карта на име на жител од Охрид и понудил да продаде пар обетки и прстен, кој пријавителката ги препознала дека се од нејзината, сега покојна баба. На прашање од каде му се истите, лицето се исплашило, ги оставило предметите и заминало, се наведува во соопштението од СВР Охрид.
Составен е записник за примање на пријава, а од страна на СВР Охрид се спроведуваат мерки и активности за расветлување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?