Македонија
1. јуни 2017 - 12:47

Нови детали: Напаѓачот го чекал Тодоров пред Министерството

 
Никола Тодоров бил пресретнат на скалите пред Министерството за здравство, во моментот кога доаѓал на примопредавање на должноста, дознава пресс24 од свои извори.
 
Според информациите, напаѓачот чекал на скалите и кога дошол Тодоров испалил еден куршум кон него, а обезбедувањето веднаш реагирало и го повлекло Тодоров кон Министерството, а напаѓачот успеал да испука уште еден куршум, по што бил совладан од припадниците на МВР.
 
За среќа во целиот инцидент нема повредени, а Тодоров бил видно вознемирен. Според нашите информации напаѓачот е маж на возрас од 50 години кого во моментов полицијата го држи во комбе пред министерството додека трае увидот.
 
Од МВР нема потврда за случајот.