Нови детали: Ангела знаела дека Пино ќе биде убиен
По преземање на истражни дејствија од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против второ пријавеното лице за убиството на лицето П.С. Обвинителството издаде наредби до МВР за вршење дополнителни проверки и од јавниот обвинител беа испитани повеќе сведоци. Врз основа на направените проверки Основното јавно обвинителство поведе постапка и против осомничената поради постоење на основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Вечерта на 11 декември 2018 година, осомничената 22-годишна жителка на Скопје го повикала сега починатиот да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот со намера да го лиши од живот оштетениот. Кога пристигнал прво осомничениот и со огнено оружје – пушка се заканил кон жртвата, сите тројца се упатиле со патничкото моторно возило кон атар во скопското с. Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот.
Осомничената дала придонес кон вршење на кривичното дело со тоа што го повикала сега починатото лице, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на с. Љуботен.
Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и на основан страв дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци, поради што до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор против осомничената
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
